На една од СМС комуникација од одземениот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски со шефот на неговото обезбедување и обвинет за 27 април Горан Ѓошевски, се чита како Вељаноски уште од 17 часот и 48 минути го предупредува Ѓошевски да бидат на „штрек“ на што шефот на обезбедување му враќа на пораката со „да“.
Една минута потоа Горан Ѓошевски му испраќа порака на Трајко Вељаноски со содржината
„Сите знаат, и од МВР“, по што следува уште една порака со содржина „Пред сала се сите од внатрешно обезбедување“.
На што Вељаноски му одговара на Ѓошевски двајца или тројца луѓе од обезбедувањето да влезат во салата и да не дозволуваат никој да му седне на столчето.
– Кажи им на внатрешното да влезат двајца, тројца внатре и да не дозволуваат да седнат на моето место, напишал Вељаноски до Ѓошевски на 27 април 2017 година во 18 часот и 4 минути.
Судењето за случајот 27 април денеска продолжува со прикажување на телефонски СМС и Вибер пораки од одземени и вештачени мобилни телефони меѓу кои се наоѓа и мобилниот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. СМС пораките ги презентира Јавното обвинителство.
Виктор Јованов