Бичиклиски: СДСМ со лаги и измами ја кријат одговорноста на Црвенковски

Од:

Вчера во одговор на новинарско прашање за скандалот со шверц на нафта кој веќе 16 дена ја тресе СДСМ, Ана Павловска-Данева изјави дека не виделе признание од Стојан Аднов и Љубчо Гергиевски дека Црвенковски шверцувал нафта. Ова на прес конференција го кажа портпаролот Александар Бичиклиски според кого Ана Павловска-Данева ја излажала целата јавност.

„СДСМ се фатени на дело. СДСМ со лаги и измами сака да ја одбегне одговорноста на Црвенковски за шверцот на нафта.

Прво, самиот Стојан Андов во своја лична анлиза напишана за еден неделник признава дека во деведесеттите години во времето кога Црвенковски беше премиер постоело кршење на ембаргото и постоел шверц на нафта. Понатаму Стојан Аднов објаснува многу прецизно и јасно дека поради таквиот шверц имало и реакции од меѓународниот фактор кој побарал санкции доколку властите во Македонија продолжат да го толерираат криминалот.

Второ, Љубчо Георгиевски, актуелниот сојузник на Црвенковски во видео изјава, повторувам прецизна видео изјава во која потврдува дека во 93’ или 94’ оделе композиции на шверцувана нафта“, рече Бичиклиски.

Според него, Љубчо Георгиевски и Стојан Аднов тврделе дека во време на Црвенковски се шверцувало нафта.

„Нервозата која вчера ја покажа Данева и обидот да ја измами јавноста преставува потценување на граѓаните, на цела една држава која гласно 16 дена прашува и очекува одговори од Црвенковски: Колку цистерни нафта се прошверцувани? Кој се бил вклучен во таквиот шверц? Кои се луѓето чии џебови се полнеле со овие криминални пари, додека државата се упропастуваше, а фабриките се затвораа. Каде се парите кои биле крадени?

Г-дине Црвенковски, престанете да го потценувате сопствениот народ. Престанете да ги пуштате низ вода партиските гласноговрници кои ги терате да ја лажат јавноста. Не ви личи. Излезете вие и конкретно и прецизно да одговорите на овие прашања. Вашето име се споменува во криминалот за шверцот со нафта. И Вие треба да ја понесете одговорноста“, рече Бичиклиски.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито