Бибер: Српската влада се плаши од новиот „македонски модел“ откако се поврза со претходната македонска влада

Од:

Повлекувањето на српските дипломати и агресивниот тон на српските медиуми кон македонската Влада е изненадувачки, иако настапот на Владата и на таблоидите со месеци беше агресивно насочен против новата македонска Влада, оценува во изјава за МИА, Флориан Бибер, експерт за Балканот и професор на Универзитетот во Грац, Австрија.

– Овој потег навестува дека Србија не е многу заинтересирана да има добри дипломатски односи со своите соседи и покажува колку се празни нејзините тврдења дека има про-европска, реформска Влада. Српската Влада се плаши од новиот „македонски модел“ и се поврза со претходната македонска Влада. Со овие чекори, за жал, Србија не се однесува како регионален лидер во реформите, како што сака да се претстави, туку како бик во продавница за порцелан, наведува Флорин Бибер на прашање на МИА за последните случувања во релациите меѓу Белград и Скопје.

Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје, првично без образложение на причините. Ден подоцна, вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, објавија дека дипломатите и вработените во амбасадата во Скопје биле повлечени поради „офанзивна разузнавачка активност против институциите на Србија“.

Би можело да ве интересира

Гашиќ: Србија го враќа служењето во армијата, задолжително за мажи, доброволно за жени

Уапсен сум затоа што имам докази за учеството на Вучиќ во „Сараевското сафари“, тврди белградски адвокат

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Објавени се имињата на жртвите во сообраќајката во Србија, преживеаниот е во кома

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Москва бара Ратко Младиќ да биде ослободен, или пак казната да ја отслужи во Србија