А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бибер: Не одобрувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија го поткопува кредибилитетот на ЕУ

by А1он16/10/2019 - 16:30426
Share0

Одлуката на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ да не се одобри почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија може да „го поткопа кредибилитетот“ на Унијата, оцени експертот за Балканот од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

Добивај вести на вибер

-Набљудувачите во регионот ја сметаат француската и холандската политика како нефер и мотивирана од домашната политика и од стереотипите. Ова го поткопува имиџот на ЕУ како фер играч, со фер критериуми, особено затоа што Комисијата даде зелено светло за преговори, изјави Бибер за Еуроњуз.

Според Бибер, ваквиот став најверојатно ќе испрати негативен сигнал до владите на Северна Македонија и Албанија, кои можат да помислат дека не вреди да се прават тешки компромиси доколку не бидат примени во европскиот блок.

– Ова особено ќе биде тешко за Северна Македонија, која работеше толку напорно за решавање на проблемот со името, додава Бибер.

Тој оценува дека ваквиот став испраќа порака и до Србија и Косово, кои имаат најголем отворен проблем во регионот, да се запрашаат зошто некоја од нив би склучила тежок договор, кога ЕУ не може да им даде ништо за возврат.

Слично мислење има и аналитичарот и визитинг професор на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ), Џејмс Кар-Линдзи, кој на Твитер објави дека германската канцеларка Ангела Меркел ќе лобира за прашањето за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија кај францускиот претседател Емануел Макрон на утрешниот Самит на ЕУ.

– Сепак, на крајот, неуспехот да се прифати Северна Македонија ќе го поткопа кредибилитетот на ЕУ и ќе го покаже (европскиот) блок како неспособен да може да решава во своето непосредно опкружување, а камоли да има влијание пошироко, смета Кар-Линдзи.

eu

Би можело да ве интересира

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Горан Наумовски24/02/2026 - 13:19

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен