Бездомник згрижен во Момин Поток

Од:

На иницијатива на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денеска во соработка со градскиот центар за социјална работа, е згрижен бездомник којшто деновиве поради екстремно ниските температури бил засолнет во еден од влезовите на станбените објекти во близина на Полициската станица Центар, соопшти МВР.

Лицето од страна на полициски и социјални службеници, како што се наведува, е однесено во Центарот за згрижување на бездомни лица во Момин Поток.

Истовремено, министерот Нухиу иницираше и во наредниот период полициските службеници да посветат внимание на бездомни лица во насока на нивно згрижување, особено сега кога временските услови се директна закана по нивниот живот, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поднесено обвинение за двајца насилници кои го убија кучето Феликс

Горан Наумовски

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток

Ана Ололовска

Хуманитарна помош и новогодишен ручек за бездомниците од пунктот во Момин поток

Наум Локоски

Зголемен бројот на бездомни лица кои бараат помош во пунктот во Момин Поток

Ана Ололовска

Градоначалникот на Карпош во посета на пунктот за бездомни лица во Момин Поток

Наум Локоски

Во Момин Поток за два месеца згрижени 40 бездомници

Ана Ололовска