Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре во перодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од делови од улиците „Злетовска“, „Пелагонија“ и „Брсјачка Буна“, во општина Шуто Оризари.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати.

Во периодот од 08:30 до 12:00 часот утре без струја ќе бидат и корисниците од улица „Влае“, во општина Карпош.

Без струја од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од делови од селата Семениште и Чајлане, во општина Сарај.

Во периодот од 10:30 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од делови од улиците „Панајот Гиновски“ и „Александар Македонски“, Маркетот Стокомак и бензинската пумпа на Мак Петрол со околните објекти, во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час