Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 13:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Васил Ѓоргов“ број 6 и 7, корисниците од улица „Козара“ од број 1 до број 22 и објекти од околинатa, во општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради закажани технички зафати, без струја во периодот од 10:00 до 18:00 часот ќе останат и корисниците од селата Ајватовци, Бујковци, Бучинци, Грушино, Мршевци и Бунарџик, во општина Илинден.

Без електрична енергија во периодот од 08:00 до 10:00 часот ќе бидат корисниците од селата Текија, Мршевци, Бучинци, Бујковци, Дељадровци и дел од село Миладиновци, во општина Илинден.

Во периодот од 06:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Бунарџик, Ајватовци и Кадино, трафостаници Завар, Интергрос и Амајлија, во општина Илинден.

Без струја во периодот од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од булевар „Србија“, фирмите Микро Асул и околината, поранешен Ино Спектар, сервисите за возила, улица „Христо Татарчев“ 15, сервис Скендеровски како и делот кај новиот кружен тек, во општина Кисела Вода.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улица „Ванчо Мицков“ од број 10 до број 30, во општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош