Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Саса“ 18 во населба Пинтија, во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е заради закажани технички зафати.

Без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Леринска“ околу број 72 и дел од улица „Стрезово“, а од 08:00 до 15:00 часот корисниците од улица „Франклин Рузвелт“ број 55, во општина Карпош.

Од 09:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од Сoпиште на улица 1 број 34 – црква „Св. Мина“, во општина Сопиште.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство