Без струја утре делови од Маџир Маало и села во Сарај и Студеничани

Од:

Без електрична енергија утре од 08:30 до 12 часот ќе бидат жителите на улиците „Велешка“, „Преспанска“ и „Охридска“ во населбата Маџир Маало во општина Центар.

Во исто време струја ќе немаат и корисниците од селата Чајлане, Семениште, Паничари, Буковиќ, Ласкарци и Раовиќ во општина Сарај.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, соопшти дека утре од 08:30 до 15 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од жителите во село Волково, односно објектот на Водостопанство Вардар, а во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улиците 1, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош