Без струја утре делови од Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров

Од:

Без електрична енергија утре ќе останат корисниците во делови од општините Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.

РЦУК по известување од ЕВН Македонија соопшти дека во периодот од 07.30 до 15 часот, без струја ќе останат корисниците од ул.„Лазар Поп Трајков“ зградите 17, 18 и 19, во време од 07,30 до 12 часот корисниците од зградата бр.12 на ул. „Трифун Хаџи Јанев“, зградите со броеви 2 и 4 на улицата „Ташко Караџа“, Ветеринарниот институт и околните згради околу трафостаницата Автокоманда-2 во општина Гази Баба.

Во периодот од 08.30 до 11.30 часот без струја ќе останат корисниците од ул.„Алекса Демниевски“ подулицата бр.27 и околните подулици.

Без електрична енергија во периодот од 07.30 до 15 часот ќе останат корисниците од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ објектите со броевите од 216 до 226 (само парните броеви), околу ТЦ „Олимпико“ на ул.„Јуриј Гагарин“ објектите со броевите од 103 до 115 (само непарните броеви), хотелот „Ибиш“, а во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе остане стопанскиот објект „Кадис“ во ТЦ Олимпико во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 12 часот, без струја ќе останат корисниците од дел на ул.„Ибе Паликуќа“, а во периодот од 12.30 до 15 часот корисниците на дел од ул.„Исаја Маџоски“ објектите околу бројот 42 во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот