Без струја Мариово и Тополчани, прекин на наставата во населени места во Долненско

Од:

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи, регионалните и магистралните патишта во Прилепско се проодни и сообраќајот се одвива непречено.

Снегот, посочуваат, созддаде проблеми во проодноста на локалните патишта, а нема настава во училиштата во дел од селата во општина Долнени.

– Во општина Прилеп наставата редовно се одвива. Има скратени часови во селата Канатларци и Тополчани и прекин на електричната енергија во Мариово и во Тополчани. Што се однесува до општина Долнени, прекин на наставата има во дел од населените места. Сообраќајот не се одвива на патните праци од селата Дупјачани кон Небрегово и од селото Вранче кон Средорек. Причина за прекинот се скршени гранки и искинати жици со што има и делумно прекин во електричната енергија, вели Влатко Котески од регионалниот Центар за управување со кризи во Прилеп.

Според Котески, проодни и расчистени се сите регионални и магистрални патишта во Прилепско, како и превојот Плетвар.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час