Без струја делови од Илинден, Козле, Тафталиџе и Пржино

Од:

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Илинден, Козле, Тафталиџе и два објекти во Пржино, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Според информациите добиени од „ЕВН Македонија“, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата 1 во населба Илинден на местото викано Пуста Кула, вклучително и фирмите „Де-Та Дејан“, „Сара Колант“, „Вили“ и „Ведема“, како на дел од улицата „Мариовска 1“ во Пржино. Во истата населба од 12 со 16 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и корисниците на улица „Благоја Гојан“ број 5.

Од 9:30 до 13 часот без струка ќе бидат корисниците на дел од улицата „Милан Марковиќ“ и објектите околу бројот 21Б во населбата Козле, а од 12 до 15 часот и објектите со броевите 2А, 2Б и 4 на улицата „Алжирска“, броевите 2, 4, 6 и 8 на „Багдадска“ и со броевите 12 и 14 на улица „Дрезденска“ во Тафталиџе.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов