Без проблеми тече гласањето на избирачкото место во штипскиот Затвор

Од:

Четириест отсто од вкупниот број гласачи на Избирачкото место 22 91 А во Затвор Штип го оствариле своето право на глас до 11 часот. Заменик претседателот на Избирчакиот одбор 22 91 А, Влатко Конев вели дека на ова избирачко место правото на глас на изборите за градоначалник на Штип и Пласница можат да го остварат вкупно 40 гласачи.

-Гласачкото место е отворено во седум часот, на избирачки список имаме 40 гласачи со право на глас. Гласањето се одвива по сите здравствени протоколи, без проблеми е, а до овој момент излезноста е 40 проценти, вели Конев.

Тој истакна дека немаат никакви и проблеми во делот на легитимирањето на гласачите на ова избирачко место, ниту пак забелешки дека некој не се наоѓа на избирачкиот список. Претседателката на Општинска изборна комисија, Сенка Андреева вели дека низ казнено-поправните институции во земјава на изборите за градоначалник правото на глас можат да го остварат 66 осуденици од Штип.

Гласачките места во казнено-поправните установи во земјава ќе бидат отворени до 19 часот, а во нив гласаат осудените лица од општините Штип и Пласница.

Би можело да ве интересира

Сашко Николов официјално градоначалник на Општина Штип

Ана Ололовска

ДИК ги објави конечните резултати: Сашко Николов има најмногу гласови на изборите во Штип

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Во Штип вчера имаше мафијашки и талибански избори

Жарко Настоски

Штип и Пласница уште во првиот круг избраа нови градоначалници

Катерина Ѓуровски

Јорданов: Во Штип имаше мафијашки избори, само за Заев да спаси власт, вршеше притисоци и уцени

Ана Ололовска

Николовски: Без притисоци и закани како во едно режимско време, граѓаните застанаа зад одличен кандидат

Ана Ололовска