Без проблеми помина полагањето на вториот дел од државната матура

Од:

Навреме и без значителни проблеми течеше полагањето на  вториот дел од испитот државна матура денеска, изјави министерот за образование и наука Спиро Ристовски. Од 10 до 13 часот 19.289 матуранти го решаваа тестот по изборните предмети – странски јазик или математика, односно филозофија или естетика.

Министерот Ристовски во одговор на новинарско прашање изјави дека меѓу високите приоритети на МОН е државната матура во иднина да се полага електронски, како што се полагаа и тестовите за екстерното оценување.

– Факт е дека матурата се уште се спроведува хартиено. Сега, на самиот почеток на мојот мандат како министер за образование и наука, можам да најавам дека еден од врвните приоритети на МОН во следниот период е спроведувањето на проектот Е-матура.

– Се уште не би сакал да лицитирам со рокови и датуми, но приоритет е матурата да се спроведе електронски како што успеавме да реализираме еден многу помасовен проект, рече Спировски, по промоцијата на нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on