Без опозиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го распуштија Собранието, избори на 24. април

Од:

Собранието со 72 гласа за 1 против и 6 воздржани, донесе одлука за распуштање на Собранието.

СДСМ и опозициската коалиција ја напуштија собраниската сала.

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ до парламентарниот спикер Трајко Вељаноски поднесоа писмен допис во кој бараат Собранието да донесе одлука за самораспуштање, со тоа што одлуката ќе биде ефективна од 24 февруари.

Предвремените парламентарни избори, треба дасе одржат по 60 дена, или на 24. април.

СДСМ и здружената опозиција најавија дека на вакви избори, без прочистен избирачки список и независни медиуми нема да учествуваат.

Во 22 часот ќе се гласа за новата Влада.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање