Без оглед на оставките на Чадиковски и тимот, децата и натаму ќе се оперираат во Клиниката „Жан Митрев“ на сметка на ФЗО, тврди Филипче

Од:

Третманот на децата продолжува во Клиничката болница „Жан Митрев“. Тие и натаму ќе се оперираат во таа Клиниката на сметка на Фондот без оглед дали заминува тимот предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој од Детска хирургија пред неколку месеци направи трансфер во таа Клиника. Тие си заминаа на своја рака од државно во приватно здравство. Значи без оглед на тоа, таму има улови, експертизa, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека вчера телефонски разговарал со д-р Чадиковски и дека треба да се сретне со него и со останатите од тимот.

– Не би брзал со изјави додека не се расчисти што точно ќе прави тимот, посочи Филипче.

Во врска со објавените информации дека д-р Чадиковски ја депонирал оставката во Клиниката „Жан Митрев“, рече дека колку што знае тоа не е официјализирано.

Д-р Чадиковски изјави дека е во отказен рок, кој спогодбено треба да го подигне в четврток.

– Овие денови како се враќаат од одмори останатите од тимот ќе ги депонираат оставките. Јас сум на одмор. Дадов оставка, денеска се враќам од одмор и треба да потпишам спогодбено дека си одам. Во моментот кога ќе решиме конечниот статус мој и на тимот за тоа каде ќе работиме во иднина ќе дадеме официјална изјава. Ова го кажувам за да нема шпекулации, бидејќи при вакви големи трансфери најмногу треба да внимаваме за натамошниот третман на децата кои чекаат операција, рече д-р Чадиковски.

Појасни дека причина за заминувањето од Клиничката болница „Жан Митрев“ се различните концепции во начинот на работењето.

Доктор Чадиковски е единствен лиценциран детски кардиохирург. На Универзитетската клиника за детска хирургија работеше 20-тина години, а пред неколку месеци заедно со неколку други доктори направија трансфер во Клиниката „Жан Митрев“ за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и таа здравствена установа се договорија операциите да ги покрива Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче се гордее со Зоран Заев и учи од него

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата