Без договор за Советот на општина Струга

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема да го подржат Абдула Ќазимоски за претседавач со Советот на општина Струга дознава А1 од свои партиски извори.

Двете македонски партии кои на последните локални избори во Струга настапија со еден единствен кандидат за градоначалник и со заедничка советничка листа на заедничката координација вечерва донеле конечна одлука да не дадат подршка за Ќазимоски кој е предлог на ДПА и е носител на советничката листа на ДПА.

Македонскиот блок партии во Струга ќе предложат свој кандидат за претседател на Советот на општина Струга, а тоа ќе биде советичката Јулијана Зуноска. Се уште останува неизвесно дали ДПА и градоначалникот Села имаат постигнато договор со ДУИ и со двајцата советници на РДК на Руфи Османи.

ДУИ и ДПА во струшкиот совет имаат по 7 советнички места, две се резрвирани за РДК, а 11 советници имаат заедно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Ако во рок од три месеци од конституирањето на струшкиот совет не се избере претседавач тогаш според законот за локална самоуправа треба да се одржат нови избори за советници. Извор од македонскиот блок партии за А1 вели дека е недозволиво и неприфатливо и градоначалникот и претседателот на Советот да биде Албанец.

Зошто тогаш вели тој ние да бидеме дел од еден таков совет. На новиот струшки градоначалник ќе му биде неопходна подршка од македонска партија, бидјеки голем дел од одлуките во советот се носат по пат на Бадентер.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски