Бесплатно пливање за сите првачиња и деца со попреченост од Општина Аеродром

Од:

За правилен и подобар психо-физички развој на најмладите со најновиот проект на Општина Аеродром „Учиме да пливаме“ планирано е бесплатно пливање за сите првачиња и сите деца со попреченост од основните училишта во Општината, известува градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Учиме да пливаме” е проект кој предвидува олеснување на семејниот буџет на секое семејство на територија на Општина Аеродром кои имаат дете во прво одделение или дете со попреченост. Со субвенционирањето, сите опфатени ученици добиваат: часови пливање, опрема за пливање (капа, наочари), пешкир, сертифициран спортски едукатор како и превоз на учениците од училиште до базенот и назад.
Проектот кој е изработен во соработка со Сојузот за училишен спорт на Општина Аеродром и во реализација на „Скај велнес“, а тој предвидува создавање услови за најмладите да добијат соодветна обука и совладување на вештините за пливање, кое има клучна улога во правилниот психо-физички развој и здравјето на децата“, вели Муцунски.

– Приоритет на Општината се најмладите. Единствено низ сериозни инвестиции, чекори и иницијативи за подобрување на образовниот процес, како и вложување во спортската инфраструктура, можеме да создадеме здрава и едуцирана средина!, додава градоначалникот на Аеродром.

Би можело да ве интересира

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Трагедијата во Кочани ги покрена градоначалниците: контроли во угостителски објекти, проверка на училишта и градинки

Катерина Ѓуровски