Бесплатно лекување за оние со пониски пензии

Од:

Од 1 јануари  2013 година,  бесплатно  ќе се лекуваат пензионерите  кои имаат пониска пензија од просечната.

Ова е  заклучено на денешната средба на премиерот Никола Груевски, , министрите за здравство и за труд и социјална политика Никола Тодоров и Спиро Ристовски  и  Сојузот на здруженија на пензионерите.

„Баравме заштита на животниот стандард на пензионерите по растот на цените на струјата и парното, но разговаравме и за зголемувањето на пензиите кое треба да се случи во наредните три години, а како сојуз побаравме да имаме нов закон за пензионерско организирање во Македонија“, изјави претседателот на сојузот Драги Аргировски.

Сојузот опфаќа околу 280.000 пензионери.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд