Бесплатни училишни униформи за над седум илјади ученици од Општина Аеродром

Од:

Со јавен настан кој се одржа во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар, официјално започна процесот на доставување на бесплатните училишни униформи за повеќе од 7 илјади ученици од сите основни училишта во Аеродром. На настанот присуствуваа претседателот на советот Дејан Митески и секретарот на Општина Аеродром, Јулијана Павковска-Боцевска.

Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Целта на овој проект да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка тоа да не предизвика дополнително оптоварување на семејниот буџет.

Реализацијата на овој проект, субвенциите и часовите за пливање за учениците од прво одделение, како и бесплатните таблети за учениците од четврто одделение се само дел од активностите за унапредување и подобрување на условите за реализација на наставата, но и потврда дека Општина Аеродром вложува значителни средства во модернизацијата на образованието.

Новата учебна година, учениците во неколку основни училишта ја започнаа во реконструирани и модерни простории, а веќе од следната недела сите ученици од Аеродром ќе посетуваат настава во нови и бесплатни униформи, обезбедени од страна на општината.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он