Бесплатни туристички викенди за пензионерите

Од:

Кон средината на јануари ќе биде објавен огласот за пријавување за користење бесплатен туристички викенд за пензионери, најави денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“.

Проектот, посочи премиерот, е дел од изборните ветувањаи ќе се реализира во 2015 година, но доколку има интерес ќе продолжи и во иднина.

– Се работи за полн аранжман од петок навечер до недела, престој во некој од туристичките центри во македонија дали е тоа Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Берово и др. Така да пензионерите ќе можат да аплицираат и се надевам дека од проектот ќе бидат задоволни, изјави Груевски.

Со овој проект е предвидено да се опфатат околу 3.000 пензионери.

– Истовремено ќе биде објавен и конкурсот за бесплатно испраќање на бањи за 5.500 луѓе, истакна Груевски, потсетувајќи дека досега 27.500 пензионери ја искористиле услугата за бесплатно бањско лекување.

Би можело да ве интересира

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Повеќе за сите е мерката за поддршка на пензионерите до 15.000 денари за 5 месеци

СДСМ: Антикризните мерки од 662 милиони евра опфаќаат 187.000 пензионери

Горан Наумовски

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Во Кавадарци бесплатниот превоз за пензионери ќе стартува од јануари

Орце Костов

Тренчевска: Со новиот пакет антикризни мерки ќе бидат опфатени и пензионерите со најниска пензија