А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесплатни обуки за компјутери и англиски јазик за децата без родители

by А1он11/09/2014 - 15:59136
Share0

Децата без родители и родителска грижа и лицата кои до 18 години имале ваков статус од денеска ќе можат да добијат бесплатни обуки за англиски јазик кои ги обезбедува државата.

Добивај вести на вибер

За таа цел Министерството за труд и социјална политика обезбеди вкупно 400 обуки за англиски јазик и 400 обуки за компјутери односно за Microsoft office, Word, Excel и Microsoft Windows оперативен систем.

– Денеска започнува новиот проект на МТСП за бесплатни обуки по компјутери и англиски јазик за деца без родители и родителска грижа и лица кои до 18 години имале ваков статус. Обуките ќе траат два месеца, вкупно 32 часа по 45 минути. Тие ќе може да се реализираат во сите градови во Република Македонија. Посебен приоритет ќе имаат децата кои се згрижени во згрижувачки семејства, децата кои се згрижени во установите за ваква намена, како и младите кои имале ваков статус, а се до 29 години и се уште не се вработени, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата на Домот за деца без родители „11 Октомври“во Скопје.

На овој начин, додаде Спасов, сакаме да ги подобриме вештините и познавањата на овие деца и лица за англиски јазик и за компјутери, коишто се неопходни, но и, како што истакна, основна работа која треба да ја познаваат со цел во иднина да можат полесно и да се вработат.

Појасни дека на јавна набавка е избрана приватна компанија која е задолжена да ги организира обуките кои се сертифицирани. По завршувањето, истакна министерот Спасов, децата и лицата кои ќе ги посетуваат ќе добијат соодветен сертификат.

– Како надлежно министерство продолжуваме со реализација и на останатите проекти кои ги започнавме, а се во насока на зголемена поддршка на децата без родители и родителска грижа и на лицата кои до 18 години имале ваков статус односно продолжуваме со исплата на парична помош од 12.000 до 24.000 месечно за студирање, магистерски студии, па и докторски студии. Продолжуваме со исплата на зголемената еднократна парична помош од 180 илјади денари кои ја добиваат по напуштање на домот, рече министерот за труд и социјална политика.

Потенцира дека заедно со Министерството за транспорт и врски продолжува реализација на проектот за обезбедување станови за овие категории граѓани.

makedonija

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

Ева има потреба од сите нас – да му помогнеме на десетгодишното девојче од Охрид

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 16:37

Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 15:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен