А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесплатни едукативни работилници за змии и пештери во ЗОО градина Скопје

by А1он03/10/2015 - 11:0368
Share0

Во Мултинаменскиот едукативен центар на ЈУ Зоолошка градина Скопје викендов во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ ќе се одржат бесплатни едукативни работилници на тема „Змиите, нашите тивки соседи“ и „Во светот на пештерите“.

Добивај вести на вибер

Денеска ќе се одржи едукативната сесија „Змиите, нашите тивки соседи“ по повод „Бела Ноќ“, на која ќе бидат опфатени темите: змиите наши соседи (колку видови на змии имаме во непосредна близина на Скопје), како нашите најмлади гледаат на змиите, кога змиите се најстрашни или кога најмногу се плашиме од змиите и дали постои град на змиите и каде е?

Целата сесија, како што велат организаторите, ќе биде адаптирана пред се за младите посетители (од 8 до 14 години), а ќе содржи и информации кои можат да бидат корисни и за возрасните.

Преку мултимедијална презентација (видео и аудио) во траење на 1 час посетителите ќе можат да добијат забавно едукативна програма за овие животни.

Утре во организација на Истражувачко друштво Урсус Спелеос Скопје и Македонско Еколошко Друштво во Едукативниот центар на ЗОО градина ќе се одржи интерактивна едукативна работилница на тема „Во светот на пештерите“, на која посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата. Работилницата е адаптирана за деца од 5-то до 9-то одделение.

skopje

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он28/12/2025 - 14:48

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Горан Наумовски26/12/2025 - 18:02

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен