Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител в недела, на денот на одржување на предвремените парламентарни и вториот круг од претседателските избори, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Народниот правобранител соопшти дека ќе бидат отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви:  Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада