Бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител за заштита на избирачкото право

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска во периодот од 7 до 19 часот, ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат и сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Граѓаните, покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија, за заштита на своите права ќе можат да се јават и на  телефонските броеви во  Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-584, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно  постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител на Република Македонија.

Во него се потсетува дека избирачкото право е  уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека  никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите, како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија