Бесплатна правна помош за тетовци

Од:

Во Тетово денеска се отвори штандот за правна помош на граѓаните на Тетово од страна на младите правници на овој регион, во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, финансиски поддржан од ЕУ.

Проектот исто така ќе се спроведе и во планинските села, и тоа на населените места с. Гајре, Лавце и Порој.

Целта на „Отворениот ден со граѓаните на општина Тетово“ е од промотивен карактер и запознавање на граѓаните со мобилниот тим составен од двајца адвокати и двајца правници, кои ќе обезбедуваат директна правна помош на населението од Скопски и Полошки регион.

– Заинтересираните граѓани на Општина Тетово кои ќе пријават определен правен проблем, ќе имаат можност од мобилниот тим да добијат директен правен совет или правна информација, рече Вулнет Зенку претседател на здружението „Мултикултура“, што е дел од овој проект.

Правната помош ќе се обезбедува со теренски посети во рурални и исклучени средини од Скопскиот и Полошкиот регион, каде живеат поединци и семејства со ниски приходи, кои поради социјалната исклученост не можат да остварат низа од своите права во различни правни области, од социјална и здравствена заштита, преку присилно извршување и правото на сопственост па до заштита на права од работен односи и заштита од дискриминација.

Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ поддржан од ЕУ, цели кон зајакнување на пристапот до правда на најранливи категории граѓани.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски