Бесплатна правна помош побарале 640 граѓани

Од:

Од почетокот на проектот „Пристап до правда во Македонија“, од јануари годинава досега во овластените здруженија за давање бесплатна правна помош се обратиле вкупно 640 граѓани. Само 32 побарале бесплатен адвокат, додека на останатите им бил потребен правен совет и/или информација.

На речиси 80 отсто од граѓаните бесплатната правна помош им била потребна во областа на социјална заштита, имотно-правните и семејните односи.

Здруженијата кои го спроведуваат проектот информираат дека кусите рокови за поднесување жалба или тужба кои најчесто се од 15 до 30 дена, се една од причините зошто малку граѓани се одлучуваат да поднесат барање за бесплатен адвокат. Според нив, на Министерството за правда во просек му се потребни 45 дена да донесе решение со кое се одобрува бесплатна правна помош, односно се одобрува адвокат, што значи дека рокот за жалба, односно тужба е веќе изминат.

– Доколку барањето за бесплатна правна помош е одбиено, граѓаните имаат право да почнат управен спор пред Управниот суд. Од досега прибраните и обработени судски пресуди на Управниот суд може да се воочи дека на судот му требаат од пет до 14 месеци за да одговори на тужбата. Ова е долг временски период за граѓаните на кои бесплатна правна помош им треба веднаш, изјави координаторот на проектот Христина Василевска.

Речиси сите пресуди на Управниот суд, како што додаде таа, се во корист на граѓаните, односно предметот повторно се враќа на разгледување кај Министерството за правда, од причина што не била правилно утврдена фактичката состојба.

– Во ваквите случаи граѓаните кои најчесто се социјално загрозени, остануваат без социјална помош или живеат во брачна заедница во која трпат насилство само затоа што на институциите им е потребно многу време за да одлучат, изјави Василевска.

Здруженијата кои го спроведуваат проектот „Пристап до правда во Македонија“ соопштија дека продолжуваат да се залагаат за еднаков пристап до правда на сите граѓани, преку советување и информирање во рамки на она што им го дозволува Законот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски