Бесплатен превоз за деца без родители и родителска грижа до 18 години

Од:

Децата до 18 години без родители и родителска грижа од задутре ќе можат бесплатно да ги користат услугите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. За полнолетните лица без родители и родителска грижа до 27 години, пак, за 50 проценти се намалува цената на месечниот билет за јавен превоз во Скопје и за превоз на жичницата на Водно.

ЈСП Скопје денеска соопшти дека со бесплатниот превоз и со намалената цена излегува во пресрет на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на состојбата на децата без родители и родителска грижа.

За да ги користат поволностите сите заинтересирани треба да приложат документи за купување месечен билет: барање за издавање месечен претплатен билет (Образец бр.2-3 ЈСП/www.jsp.com.mk), eдна фотографија, потврда, издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени, лична карта на барателот.

Потребни документи за купување билет за жичницата се потврда издадена и заверена од соодветната ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа или од домовите каде што биле згрижени, лична карта на барателот или со приложување на месечниот билет за јавен превоз.

Сите заинтересирани, потребните документи треба да ги поднесат во продажното место на ЈСП-Скопје во Автокоманда на бул.„Александар Македонски бр.10“, каде што ќе можат и да го подигнат билетот.

Би можело да ве интересира

60-годишна жена била нападната од возач на автобус на ЈСП

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии