Бесплатен превоз за Бела ноќ

Од:

Во сабота Скопје повторно доживува Бела Ноќ, каде по осми пат, до зори ќе има десетици изложби, филмски маратони под отворено небо и во кината Милениум и Фросина, концерти, музички фестивали, поезија, ликовни и музички перформанси, видео арт и друго.

Благодарение на Јавното сообраќајно претпријатие, во сабота по 19, превозот во сите автобуси кои гравитираат кон центарот на Скопје, ќе биде бесплатен!

Автобусите кои се на линиите 8а и 11, кон Зоолошката градина, исто така се бесплатни, од  11 часот, а и влезот во Зоолошката градина цел ден е бесплатен.

Главните случувања се на ул. „Македонија“, на Плоштадот „Македонија“, на Градската плажа, во градскиот парк, во ГТЦ, во Старата скопска чаршија, и во градските установи кои за вас, ширум ги отвораат портите, и секако: големиот мултимедијален спектакл на плоштадот Македонија „Таму каде сум”, за прв пат во историјата на Бела Ноќ, во македонска режија и продукција, создаден и реализиран од 150-тина македонски уметници, кореографи, сценаристи, музичари, танчери, пантомимичари…

На интернет страницата www.belanok.mk, може внимателно да ги одберете вашите омилени локации со цел да опфатите што поголем број од мноштвото настани и случувања.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош