Бесими во Софија: Македонија и Бугарија ја споделуваат Европската визија за регионот

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска престојуваше во работна посета на Република Бугарија, при што оствари средба со заменик-претседателот на бугарската Влада Зинаида Златанова, како и со министерот за надворешни работи Кристијан Вигенин.

За време на средбата со вицепремиерот на Бугарија Златанова, соопшти Секретаријатот за европски прашања, Бесими се осврнал на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими ја истакна важноста на Европската агенда да продолжи во наредниот период.

Исто така, Бесими ја потенцирал заложбата на Република Македонија во насока на зајакнување на билатералните односи со Република Бугарија, продолжување со средбите на високо ниво, континуирана имплементација на постоечките договори, како и потпишување на нови со цел понатамошно одржување на добрососедски односи. На заедничката средба во Софија, вицепремиерот Бесими со шефот на бугарската дипломатија Вигенин се согласиле дека Република Македонија и Република Бугарија ја споделуваат визијата за регионот, целосно интегриран во европските и евроатлантските структури.

Воедно во овој процес, поддршката од соседите е есенцијална.

Според Бесими, соработката со Република Бугарија на патот кон наше полноправно членство во европските и евроатланските интеграции се одвива согласно Меморандумот меѓу двете земји за европска и евроатланска интеграција констатираа заеднички.

– Република Македонија е заинтересирана за унапредување на политичкиот дијалог на највисоко ниво со Република Бугарија, вклучително и официјални посети а секако и поддржани и со поинтезивни средби на професионално и техничко ниво. Одржување на добрососедските односи со земјите од регионот е особено значајно за Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија, а воедно и конструктивното учество во билатералните односи со Република Бугарија, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје