Бесими во Брисел на средби со заменик генералниот секретар на НАТО

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел каде ќе оствари средби со високи преставници на НАТО, јавува дописникот на МИА од европската престолнина.

Како што е најавено и официјално Бесими денеска ќе се сретне со заменикот генерален секретар на НАТО, Александер Вершбоу, како и со помошникот генерален секретар на Алијансата задолжен за нов безбедносни предизвици, Габор Иклоди.

Во седиштето на Алијансата, тој ќе има средба и со американскиот амбасадор во НАТО, Иво Далдер, како и со турскито амбасадор Хајдер Берк, чија земја е контакт амбасада на НАТО за Република Македонија. По овие средби, според најавите, македонскиот министер за одбрана ќе замине и во градот Монс на средба со Врховниот комендант на Сојузничките сили-Европа, адмиралот Џејмс Ставридис.

Според најавите од кабинет на министерот Бесими, оваа негова посета е во функција на интензивната дипломатска активност на Република Македонија во европската престолнина, а во насока на лобирање за земјата, претставување на постигнатите резултати во реформите во одбранбено-безбедносниот сектор, како и продлабочување на досегашната плодна соработка на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија со НАТО-членките и највисоките командни структури на Алијансата.

Најавено е дека на овие средби ќе бидат споделени предлози и мислења за престојниот ангажман на земјите членки на НАТО пост-Авганистан, а ќе биде искажана и поддготвеност нашата земја да даде свој значаен придонес преку конретни проекти и лица. Воедно, се олекува и да се разговара за интензивирање на регионалната соработка во областа на одбраната, која е приоритет за Министерството за одбрана за оваа година.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација