Бесими се сретна со претставникот на германскиот Бундестаг, Торстен Фрај

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска оствари средба со Торстен Фрај, член на Бундестагот од редовите на владејачката партија ЦДУ во Германија и Ања Чимек, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер.

Бесими, како што соопшти неговиот кабинет, им се заблагодарил на претставниците на СР Германија за поддршката која Република Македонија и државите од Западен Балкан ја добиваат во континуитет која, според него, се докажа и преку Берлинската конференција и редовните посети и интерес на високо ниво.

– Особено ја цениме поддршката изразена од страна на канцеларот Меркел на минатонеделната Берлинска конференција дека сите држави од Западен Балкан треба да имаат можност да се приклучат на Европската унија ако ги исполнуваат барањата за пристапување, истакна Бесими.

На состанокот вицепремиерот Бесими подвлече дека евроатлантската интеграција останува клучен стратешки приоритет на нашата земја, а Владата и понатаму продолжува со силни напори  да ги спроведува потребните реформите во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, подобрување на меѓуетничките односи врз принципот на меѓусебна толеранција и почит и зголемување на економскиот раст и вработувањето.

На состанокот меѓудругото се дискутирало за Акцискиот план и за приоритетите кои се клучни во процесот на пристапување во ЕУ, утврдени со Пристапниот дијалог на високо ниво, како што се слобода на изразување, владеење на правното, судството, корупција и меѓуетничкиот дијалог, изборните реформи, реформите во јавната администрација и економските критериуми.

Вицепремиетот Бесими истакнал дека очекуваме напредокот на Македонија да биде соодветно забележан и валоризиран во есенскиот Извештај на Европската комисија. 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски