Бесими: Македонија и Израел се во добри односи

Од:

Соработката помеѓу Република Македонија и Израел е на исклучително високо ниво. Врските помеѓу двете земји се засноваат на меѓусебно почитување и разбирање, како основа за идно унапредување на меѓусебната поддршка на сите нивоа.

Ова е потенцирано на денешната средба на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и нерезидентниот амбасадот на Израел акредитиран за Република Македонија, Јозеф Амрани.

Како што соопшти денеска МО, за време на средбата било истакнато дека двете земји негуваат успешна воено-техничка соработка, а е констатирано дека безбедносниот сектор е еден од основните области на соработка меѓу двете земји на кој во иднина ќе му се даде уште поголемо внимание.

Еден од практичните форми на соработка во областа на одбраната и безбедноста помеѓу Македонија и Израел, стои во соопштението од МО, е Центарот за обука на пилоти кој дава нова можност за развој на оваа професија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила