Бесими и Адеми на средба за подобро искористување на ИПА фондовите

Од:

Искористеноста на евроспките фондови изнесува 37% според склучените договори, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими. На денешната средба со министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, Бесими истакна дека според анализата на ЕУод регионален аспек споредбено со земјите што имаат децентрализиран модел на искористување на ИПА фондовите, Македонија е некаде на просекот во регионот.

„Сметаме дека има потреба за појака координација и оценуваме дека има простор за подобрување, затоа што сегашното ниво заслужува да биде на повисоко ниво. Со поголема координација можеме да бидеме поуспешни во искористеноста на ИПА-фондовите“, истакна Бесими, посочувајќи дека на координативните неделни состаноци со ИПА стурктурата редовно се координираат и со Делегацијата на ЕУ.

Абдулаќим Адеми, рече дека ваквите активности ќе дадат резултат во иднина, како и дека нивни најголеми предизвици се токму инвестициите во животната средина, како пречистителните станици и канализациските мрежи за водоснабдување.
„Во овој контекст е и имплементацијата на законските одредби кои се однесуваат на т.н. интегрирани дозволи за заштита на воздухот во Република Македонија“, истакна Адеми.

Македонија бележи напредок во транспонирање на европските директиви во законодавството, но останува предизвикот за нивна ефикасна имплементација, посочи Бесими. Тој додаде дека Министерството за животна средина и просторно планирање е една од најзначајните инситутции во однос на искористеноста на ИПА фондовите.

Од околу 600 милиони евра колку што има актуелната ИПА-структура за Македонија за периодот 2007-2013 година, проектите што се вклучени во ова Министерство изнесуваат 115 милиони евра, од кои 15 се за проекти за зајакнување на институционалните капацитети и политики, додека околу 99 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти и подобрување на животната средина во државава.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите