Бесими – Д’Соуза: Британија силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска оствари работна средба со Бароница Францис Д’Суза, Лорд, Спикер на Домот на Лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство.

На средбата Бароницата Д’Суза истакнала дека Обединетото Кралство е силен поддржувач на Република Македонија и нејзиното европско интегрирање, како и на процесот на проширување на Европската унија во целост.

Вицепремиерот Бесими се осврнал на силната заложба на владата во поглед на остварување на реформите со цел приближување кон ЕУ, напорите кои Република Македонија ги презема во однос на натамошното унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и во однос на надминување на спорот со името со Република Грција.

– Од особено значење за нашиот народ и владата ќе претставува добивањето датум за отпочнување на преговорите, кој ќе го охрабри и поттикне понатамошниот реформски процес, како и волјата на граѓаните за пристапување во ЕУ, во таа насока, бараме поддршка да ни биде овозможено да отпочнеме со преговарачкиот процес за полноправно зачленување во ЕУ, при тоа решението за билатералните прашања да се најде пред полноправното зачленување во истата, истакнал Бесими.

Ова, стои во денешното соопштение од Секретаријатот за европски прашања, беше дел и од мартовскиот Извештај на Комитетот за Европска Унија при Домот на Лордовите, каде што беше потенцирана важноста на понатамошното проширување на ЕУ, базирана врз принципот на градење на економски раст и зголемување на безбедноста на континентот.

Имајќи ја предвид поддршката од страна на Обединетото Кралство во поглед на континуираниот процес на проширување на Унијата, како и нејзиниот став дека ЕУ треба да ја испочитува својата обврска кон земјите од Балканот за добивање членство по исполнување на критериумите, како и дваесет годишната успешна дипломатска соработка со Обединетото Кралство, добивањето на кандидатски статус на Република Македонија, токму за време на британското претседателство со ЕУ, очекуваме силна поддршка и лобирање во поглед на добивање датум за отпочнување на преговори со Европската унија, како и интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработката во сите сфери од заемен интерес.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп