Бесими: Членството во ЕУ стратешки приоритет и главна движечка сила за Западен Балкан

Од:

Интеграцијата во ЕУ е главен приоритет за секоја земја од Западен Балкан, не само поради тоа што нашите земји географски се дел од Европа, туку и поради тоа што Европа игра битна улога и не поддржува во реформите што ги спроведуваме, во трансформацијата на нашето општество, во зацврстувањето на демократските вредности и економскиот развој, имајќи предвид дека во исполнувањето на Копенхашките критериуми, нашите земји се соочуваат со многу предизвици.

Ова го истакна заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, во своето обраќање на конференцијата насловена „Ново поглавје за интеграциите на Албанија во променлива ЕУ: Предизвиците по добивањето на кандидатскиот статус и политиката за проширување под италијанското претседателство“ во Тирана, Република Албанија.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот за евроинтеграции, Бесими додаде дека добрососедските односи се од суштинско значење за обезбедување напредок во пристапувањето кон ЕУ, па затоа Република Македонија е посветена на постојано подобрување на односите со соседните држави, како и на продлабочувањето на соработката со земјите од регионот.

– Регионалната соработка е од витално значење и игра битна улога во напорите на земјите од Западен Балкан за пристапување во ЕУ, додаде Бесими.

Меѓу другото, тој потенцираше дека со автентичните и заеднички вредности кои ги имаат земјите од Западен Балкан и со нивно заедничко промовирање, можеме подобро да ги презентираме нашите политички и економски интереси во државите од ЕУ.

– Можностите и користа од меѓусебната соработка, предностите од географската положба и инфраструктурните врски, компаративна економија, и природните карактеристики на овие земји, ја прават неопходна меѓусебната регионална соработката, рече вицепремиерот Бесими.

Зборејќи за македонското искуство во спроведувањето на ЕУ агендата, тој потенцираше дека оваа година се одбележа 10-годишнината од спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и дека нашата земја минатата година ја доби петтата препорака за започнување на преговорите со ЕУ, а покрај тоа се воведе и нова динамика во спроведувањето на реформите преку започнувањето на Пристапниот дијалогот на високо ниво (ХЛАД).

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски