Беровско сирење ќе се јаде и во Францијa

Од:

Општина Берово се наоѓа на листата на седум македонски градови со кои француската покраина Долна Нормандија во следните три години ќе реализира проекти вредни 1,3 милиони евра. Со овој проект, Берово и збратимениот француски град Ливеро, во кој исто така се произведува сирење, ќе ја интензивираат соработката.

– Проектите се во сферата на културата, но и на економијата, а во економската соработка целиот фокус е ставен на производството на сирење, вели француската амбасадорка во Македонија Лоренс Оер.

Беровското сирење ќе се најде на саемот што ќе се одржи во Ливеро на почетокот на август. Освен ова, овој градот летово ги очекува и првите организирани тури на туристи од Франција.

Годишно во Малешевијата се произведуваат околу 400 – тини тони сирење.

Би можело да ве интересира

Водата од беровскиот водовод не е за пиење

А1он

Во незгода тешко повредена жена во Берово

Земјотрес во Берово и околината

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово