А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Берово со двајца кандидати во трката за градоначалник

by А1он19/09/2017 - 16:26201
Share0

Во ОИК во Берово потврдени се две листи за кандидати за градоначалник и две листи за кандидати за членови на Советот на Општина Берово кој брои 15 лица. Мишо Догазански претседател на ОИК Берово истакна дека доставени се листи за кандидат за градоначалник и две листи за членови на Советот од партиите СДСМ со коалицијата и ВМРО ДПМНЕ со коалициските партии.

Добивај вести на вибер

– Кандидати за градоначалник се Ѕвонко Пекевски од СДСМ со коалиција од 20 партии и Никола Атанасов од ВМРО ДПМНЕ со коалиција од 19 партии. Исто така, овие две партии со нивните коалиции доставија и советнички листи и сите се потврдени и внесени во системот. Во Берово за претстојните локални избори нема да има независни кандидати за градоначалник и независна листа за советници, истакна Догазански.

Тој информираше дела во тек е дооформување на избирачките одбори.

-Во избирачките одбори имаме промени за десетина лица, дел од ннив се во пенизја или со лекарско уверение, па побарано е од ДИК да се изврши нивна замена, додека предлозите од партиите за членови на изборачкиот одбор се во ред, рече Догазански.

Во Општина Берово на овие локални избори ќе има 16 избирачки места од кои во градот Берово 7 и 9 во селските средини.

berovo

Би можело да ве интересира

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он27/08/2025 - 17:3027/08/2025 - 17:09

Пекевски: Месното население и компаниите да се вклучат во гаснење на пожарот на планината Готен

Горан Наумовски26/07/2025 - 09:18

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 17:57

Се откопувале гробови, коските се фрлале на градежна депонија

Горан Наумовски14/03/2025 - 18:51

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Горан Наумовски08/02/2025 - 09:13

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен