Бериша: Реакцијата на Пендаровски беше избрзана изјава која повредува

Од:

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, денеска ја анализираше посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија и реакциите што следеа и од официјално Скопје, јавија албанските медиуми.

Реакцијата на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Бериша ја нарекува избрзана изјава која повредува.

– Бесполезните протоколарни судири за оваа посета со официјалните македонски власти потекнуваат од антиисториското усогласување на Скопје и официјална Тирана во трилатерален сојуз со Белград, во „Српско-рускиот проект-отворен Балкан“ со кој Курти не се согласува и ја има неоспорната заслуга на спротивставување, а наместо тоа дава поддршка на берлинскиот процес. Мислам дека продолжувањето на поддршката на Отворен Балкан е продолжување на понатамошната поделба што ја донесе српско-рускиот проект Отворен Балкан и треба сериозно да се разгледа од властите на Северна Македонија, бидејќи главните жртви на големосрбизмот во регионот би биле Албанците и Македонците, смета Бериша.

Додава дека именувањето со името на Адем Демачи улица во Чаир е чест за Скопје, Северна Македонија и за целиот регион.

– Но, она што ме повреди во оваа приказна е реакцијата на претседателот на Северна Македонија за именувањето на улица во Чаир по Адем Демач – Мандела на Европа, трибунот на слободата, лауреат на наградата Сахаров на Европскиот парламент. Негативната реакција на претседателот Пендаровски на овој чин кој е чест за Скопје, Северна Македонија и целиот регион, мислам дека е избрзана изјава, која го повредува секој слободољубив граѓанин на нашиот регион и уште повеќе секој Албанец што го смета Адем Демачи за национален херој, легенда на отпорот за слобода. Затоа, во Северна Македонија, пријателска земја, заснована на мултиетничко општество во кое хероите на слободата, светлите симболи на слободата и човечкото и националното достоинство без разлика на етничката припадност, не може да се евоцира ништо друго освен почит и восхит, посочува Бериша.

Според него, посетата на Курти е многу битна за позитивната улога на албанскиот фактор, одржувањето на отворени односи без разлика на партиските преференци и ориентации со сите албански политички сили во регионот и избегнување на „продлабочувањето на процесот на поделба што Еди Рама, веднаш штом дојде на власт го започна со политичките сили во Косово, а потоа продолжи во Северна Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос на протестите во Тирана: демонстрантите фрлаа молотови коктели, има повредени полицајци

Поранешниот претседател и премиер на Албанија Сали Бериша обвинет за корупција

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша во куќен притвор

Поранешниот албански премиер Бериша обвинет за корупција, тој вели дека зад тоа стои Еди Рама

Бериша ги обвини Рама и амбасадорката Ким дека се ангажирани во уништувањето на опозицијата

Бериша: Револуцијата нè повикува! Утре сите пред Парламентот!

Горан Наумовски