(ВИДЕО) Бендевска: Лажниот патриотизам на Груевски и Ахмети добива загрижувачки размери

Од:

Според СДСМ , 100 годишнината на албанското знаме се претвори во алатка за дневно политички злоупотреби од страна на владините коалициони партнери.

Наместо еден ваков јубилеј во ваква ситуација да се искористи како повод за помирување и обединување, велат, владејачките партии го продолжија нивниот договор за хаос, а јубилејот го злоупотребија за нови поделби и нови меѓуетнички тензии.

„Опасната игра на Груевски и Ахмети за лажен патриотизам и популизам добива загрижувачки размери. Веќе нема дилеми дека е договорено овој лажен патриотизам да ни се сервира во фази.Ред лажен патриотизам и популизам на ДУИ, па ред лажен патриотизам и популизам на ВМРО ДПМНЕ, се во насока на подигање на сопствениот рејтинг.Фаза на ДУИ со Слупчане, фаза на ВМРО ДПМНЕ со Закон за бранители, фаза на ДУИ со училишните табли во Чаир, фаза на ВМРО ДПМНЕ со спојувањето на паралелките во Аеродром, сега е на ред повторно ДУИ со изнасиленото и крајно провокативно поставување на албанското знаме, без да води сметка за чувствата на сите граѓани“, рече Весна Бендевска.

Повеќе од видеото.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ