Бендевска: Преродбата стана окупација во 100 чекори

Од:

Владеачкото мнозинство не го прифати предлогот да се намалат казните за дуќанџиите, како што предложи СДСМ и коалициските партнери. Многу жестоки дебати и кавги , секој во одбрана на своите ставови.

„Кога беше СДСМ на власт казните беа 800 евра, ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми на 2.500 евра. И за ова ли Бранко и СДСМ се виновни? Преродбата во 100 чекори се претвори во „Окупација во сто чекори“, рече Весна Бендевска.

Силвана Бонева ја праша дали даки Бендевска верува дека некоја влада води луда политика и сака да затвора дуќани. И укажа дека началник на СДСМ, изрекол казна од 7.000 евра.

„Инспекторите со нас се однесуваат како стока“, „Сакаат да ни го уништат семејството“, „За 84 денари сакаа дуќанот да ми го затворат“, овие изјави на дуќанџиите ги пренесе од собраниската говорница, пратеникот Горан Мисовски.

„Срам да ви е. За вас ситните дуќаниџии ги нарекувате криминалци. Нели е криминал, тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се уште должат сметка за 3 и пол милиони евра за изборната кампања. Ова го правите во Прилеп, бидејќи кандидатот на опозицијата ќе го прегази прилепскиот градоначалник. Ќе ве прегазиме и во Битола“, рече Мисовски.

Ова според него е полициско-партиска пресметка , за да се заплашат граѓаните за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тоа, рече, веќе нема да ви успее.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски