Бендевска: Милошоски ја злоупотреби функцијата заради бизнис профитерство

Од:

Весна Бендевска денеска го обвини колегата Антонио Милошоски дека ја злоупотребил функцијата претседател на Комисијата за надворешна политика, бидејќи како претседател побарал информација за работењето и квалитетот на бензинот на „ Буцко компани“.

Оваа бензинска, потсети е сопственост на градоначалникот на Пласница, Исмаил Јаоски, кој не му дозволи на таткото на Милошоски да ја купи општинската зграда за само 30.000 евра.

“Ја злоупотребивте функцијата претседател на Комисијата за надворешна политика колега Милошоски, и тоа само за лична пресметка на бизнис кланот Милошоски со Јаоски“, рече Бендевска.

Бендевска најави интерпелација за Милошоски, бидејќи рече, не е достоен да ја врши функцијата.

И Драгиша Милетиќ укажа дека ова е бизнис профитерство, а Талат Џафери, координаторот на ДУИ, побара Милошоски личните пресметки со Јаоски да не ги расчистува во Собранието.

Милошоски инаку дебатирајќи по извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, ја пофали комисијата која му ја одзела лиценцата за работа на „Буцко компани“. Рече дека граѓаните му се жалеле на неквалитет на бензинот, купен од бензинската на Јаоски.

Исмаил Јаоски, порано кадар на СДСМ, на последните избори во градоначалничката фотелја седна како кандидат на ДУИ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените