Белимова: Не наплаќаме патни трошоци, ние сме принципиелно по тоа прашање

Од:

Нашиот став во врска со Предлог-законот за пратеници кој се однесува на патните трошоци на колегите од Левица останува принципиелен – ќе ги игнорираме сите предлози чија единствена цел е популизам и креирање театар на секоја тема, истакна на денешната прес-конференција Даниела Белимова, пратеничка на Движењето ЗНАМ.

-Во врска со предложените измени на Законот за пратеници, а во однос на патните трошоци сакаме да ја информираме јавноста дека во рамките на нашите заложби за максимална транспарентност и највисок степен на општествена одговорност, пратениците од Движење ЗНАМ – За наша Македонија ниту досега наплаќале, ниту од сега ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци има приближно има добиено 30 илјади денари по сите основи – гориво, патарини и амортизација, што претставува помалку од реално направените трошоци за превоз од и до Собранието, рече таа.

Белимова потенцира дека тие се подготвени за отворање конструктивен процес на разговори за сите прашања со сите пратенички групи како би се дошло до заедничко општо прифатливо и најдобро решение.

– Само низ дијалог може да се работи за доброто на граѓаните, а преку консензус да се обезбеди широка поддршка преку која тие решенија би поминале на собраниски пленум. Движење ЗНАМ – За наша Македонија не се изјаснува за нешто што веќе го практикува. Ако некој ги злоупотребува патните трошоци, тогаш тие треба да бидат санкционирани и изнесени пред судот на јавноста, рече таа.

Пратеничката Белимова нагласи дека Движење ЗНАМ го потврдува ставот дека ниту овој закон, ниту кој било друг предлог што ќе дојде од Левица нема да го разгледува и коментира од единствена причина дека, како што рече, нивната цел е сопствена промоција, а не нудење на решение за актуелни реални проблеми. Потенцира дека Левица не е дел од решение на проблемот, туку, како што посочи, самата таа претставува и создава проблеми.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Во овие тешки моменти потребна е сплотеност, обединетост и взаемна солидарност на сите нас

А1он

Болницата во Демир Хисар во хорор состојба – за директорот од ЗНАМ условите се добри

Димитриевски: Државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби

А1он

Левица: ЗНАМ го штити грабежот – ги избраа патните трошоци наместо народот

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Левица: ВРЕДИ го озаконува балансерот – ДПМНЕ и ЗНАМ соучесници во процесот на федерализација