ВИДЕО: Беличанец – Алексиќ најави низа проекти за подобра општина Кисела Вода

Од:

Развој и детален урбанистички план на индустриската зона на бул. „Борис Трајковски“, довршување на проширувањето на овој булевар, донесување детални урбанистички планови за населените места, заокружување на процесот на легализација на безправно изградени објекти, изградба, доработка и реконструкција на атмосферска и фекална канализација, создавање нови работни места преку привлекување на домашни и странски инвестиции.

Ова се дел од приоритетните проекти на Билјана Беличанец – Алексиќ, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначлник на општина Кисела Вода.

Претставувајќи ја нејзината програма, која, како што посочи, опфаќа широк спектар на проекти кои ќе го унапредат живеењето и дејствувањето на општината, Беличанец – Алексиќ најави и дека по пат на јавно-приватно партнерство ќе се реконструира спортскиот центар Расадник, ќе се подобрува постојната и ќе се гради нова инфраструкутра, а планиран е и нов репрезентативен објект кај сегашната руинирата фабрика за сапун „Цветан Димов“. Ќе се реконструира културниот дом во с. Драчево, а ќе се гради нов културен центар во Кисела Вода.

Беличанец – Алексиќ ветува и дислокација на Центарот за зависници, реконструкции, санации, асфалтирање и проширување на локалните улици и патишта низ општината и поплочување со павер-елементи на тротоарите, изградба на нови училишни објекти на ОУ „Невена Ѓеорѓиева-Дуња“ и на ОУ „Рајко Жинзифов“, отварање детска градинка, проект на енергетска ефикасност во основните училишта и детските градинки, изградба на нови повеќенаменски спортски игралишта и реконструкции и оградување на постојаните.

Ќе се залага и за заштита на животната средина за осовременување, одржување и подигнување нови парковите и зелени површини, за повеќе паркинг простор и подобар сообраќај.

– Заедно со мојот тим предводени од ВМРО-ДПМНЕ, пред се обврзуваме дека во ниеден момент нема да заборавиме дека сме одбрани за да сме тука за своите граѓани и неуморно ќе работиме ставени во функција како сервис за граѓаните кој е должен да се грижи за успешен напредок создавајќи дела со трајни вредности, рече Билјана Беличанец – Алексиќ.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар