Беличанец-Алексиќ ги посети УЗ „11-ти Октомври-згради“ и „Никола Кљусев“

Од:

Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец–Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија ги посети урбаните заедници „11-ти Октомври-згради“ и „Никола Кљусев“.

Беличанец–Алексиќ пред жителите ги најави идните проекти со кои ќе се подобри комуналната и сообраќајната инфраструктура во овој дел од општината. Најави дека во урбаната заедница „11-ти Октомври-згради“ во следниот период ќе се изгради фекална и атмосферска канализација за улицата „Ѓорѓи Сугаре“, а ќе се урбанизира и просторот на улицата „Пушкинова“ бр. 4, каде ќе се прошири јавниот паркинг.

Жителите се заблагодарија за досега сработеното во овие урбани заедници и ги искажаа своите идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа во делот на сервисирањето на комуналните услуги.

Во населбата „11-ти Октомври–бараки“ граѓаните изразија благодарност до градоначалникот за изработените тротоари на улицата „Трајко Иванов“ и за санирањето на ударните дупки во оваа населба. Побараа да се изврши поплочување на тротоарот на улицата „Спиро Гулапчев“, поплочување на неколку сервисни улици во населбата и изградба на дополнителни сливници за атмосферската канализација.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош