Бектеши најави празнични цени: Месо, млеко и леб поевтини од 5 до 12 отсто

Од:

Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

– Веќе почна намалувањето на лебот. Очекуваме намалување на основните прехбранбени производи. Утре ќе донесеме одлука да го прошириме списокот со компании од прехбранбената индустрија. Ќе ги внесеме гранките одгледување на молзни крави, говеда и одгледување на свињи за да се затвори кругот при производство на месото и млекото. Тоа ќе одигра улога во крајната цена за потрошувачите. Очекуваме празнични цени, односно цените да се намалат пред новогодишните и верските празници – рече министерот Бектеши.

Тој очекува во следните пет дена да поевтини млекото, а во следната недела и месото.

– Откако ќе профункционира мерката на Владата за субвенционирана електрична енергија, очекувам поголемо намалување на цените – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Бектеши бара да се репреговара една енергетска инвестиција: Не може два или три пати да се дава државна помош на ист инвеститор

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Првпат по три децении ќе бидеме целосно независни од источниот дел во однос на снабдувањето со енергенси

Бектеши: За мнозинството граѓани сметките за струја ќе бидат пониски

Бектеши: Треба да се ослободат уште 200 милиони нормални кубни мети во гасоводот за воопшто да не користиме руски гас

Трошоците за живот за една година намалени за 5,5 пати тврди Бектеши