Бектеши најави празнични цени: Месо, млеко и леб поевтини од 5 до 12 отсто

Од:

Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекари и тоа треба директно да влијае врз цената на намалување на лебот.

– Веќе почна намалувањето на лебот. Очекуваме намалување на основните прехбранбени производи. Утре ќе донесеме одлука да го прошириме списокот со компании од прехбранбената индустрија. Ќе ги внесеме гранките одгледување на молзни крави, говеда и одгледување на свињи за да се затвори кругот при производство на месото и млекото. Тоа ќе одигра улога во крајната цена за потрошувачите. Очекуваме празнични цени, односно цените да се намалат пред новогодишните и верските празници – рече министерот Бектеши.

Тој очекува во следните пет дена да поевтини млекото, а во следната недела и месото.

– Откако ќе профункционира мерката на Владата за субвенционирана електрична енергија, очекувам поголемо намалување на цените – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

А1он

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски