Беќаровски обвинет дека ги навредувал Албанците, најави кривична за министерот Демири

Од:

Откако Министерството за здравство објави дека медицинскиот директор на клиниката Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период и на социјалните мрежи сподели документ во кој има сериозни обвинувања за доктор Нико Беќаровски дека наводно ги навредувал вработените по национална основа, се огласи докторот Беќаровски.

„ПОЧИТУВАН МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, г-дин ИЛИР ДЕМИРИ

Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно.

И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед.

Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги. Со должна почит и колегијален поздрав Проф. д-р.сци Нико Беќаровски“, се вели во коментарот на Беќаровски.

Во документот кој е архивирана изјава на Клиниката, а поднесена и потпишана од група на луѓе кои не се вработени на Клиниката за Токсикологија, стои дека д-р Беќаровски ги навредувал етничките Албанци.

Би можело да ве интересира

Склучувала договори па ретрокативно ислаќала хонорари, пари давала и на луѓе што воопшто не работеле, обвинение за Бесија Иљази

Чибишев: Четворицата малолетници се стабилни, утре ќе се одлучува дали ќе бидат пуштени од Токсикологија

Катерина Ѓуровски

Антидепресиви и алкохол – коктелот кој скопјанецот им го дал на четирите деца во неговиот дом

A1on

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Кривична пријава за Бесија Иљази, екс-директорката на Токсикологија незаконси вработувала и ретроактивно испалаќала плата

Чибишев: На Токсикологија веќе нема да има „каубојски„ вработувања, клиниката е во финасиски и организациски колапс

Катерина Ѓуровски