Беким Ќоку од ДПА и Наџи Џелили од НДП нови пратеници во Собранието

Од:

Беким Ќоку од Демократската партија на Албанците и Наџи Џелили од Националната Демократска Преродба ќе бидат новите пратениците во Собранието, откако на следната седница ќе им биде верификуван мандатот.

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска го прифати Извештајот на ДИК за прифаќање на остатокот на мандатот од страна на Ќоку и Џелили.

Беким Ќоку во Парламентот доаѓа на местото на Зијадин Села, кој стана градоначалник на Струга, додека претходник на Наџи Џелили беше пратеникот Изет Зеќири, кој беше кандидат на НДП за градоначалник на Тетово.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги