Бејта: Во Форино ќе изградиме нова спортска сала

Од:

Нова спортска сала, урбанистички план и подобрување на инфраструктурата во Форино, едно од понаселените места во гостиварската општина, вети кандидатот за градоначалник за општина Гостивар, Невзат Бејта на вечерашниов митинг на ДУИ.

На митингот во центарот на селото покрај лидерот на партијата Али Ахмети, присуствуваа министри и пратеници од Шестата изборна единица.

Ахмети во обраќањето, напомена дека кандидатите кои ја претставуваат ДУИ на овие избори се луѓе кои го остваруваат ветеното и затоа треба да ја добијат довербата.

-Единството е нопходно, бидејќи со расцепкување на гласовите на Албанците, како што изгубија пратенички, така ќе се изгубат и советнички места. Со ваша поддршка на овие избори ќе освоиме повеќе советнички места отколку на претходните и така ќе се реализираат повеќе ваши барања, рече Ахмети.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта потсети дека ја прифатил кандидатурата, затоа што граѓаните тоа го барале, откако како што рече, во изминативе четири години Гостивар бил излолиран поради политиката на неговиот политички соперник.

-Проектите кои ви ги ветувам во програмата ќе се реализираат, бидејќи тие ја имаат и поддршката од министрите во Владата. Заедно со вас ќе направиме Гостивар да биде општина број еден во Македонија, нагласи Бејта.

На митингот под слоганот „Градиме заедно“ во родното Форино се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, носителот на советничката листа Насер Муслиу и кандидатите за советници од ова село.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада